Тотенхем без седум првотимци против АПОЕЛ

Тотенхем важи за фаворит на гостувањето против АПОЕЛ, но „спарси“ ќе имаат тешка задача да ја оправдаат оваа улога ако се знае дека Маурицио Покетино нема да може да смета на дури седум првотимци за дуелот на Кипар.

Најголеми проблеми ќе има за составување на средниот ред, каде покрај суспендираниот Деле Али и болниот Ериксен, стратегот на Тотенхем нема да може да смета ниту на Ванијама и Дембеле. Во одбраната ќе недостига од претходно повредениот Роуз, но и Вертонген, кој доби црвен картон во првото коло со Борусија, а во тимот веќе извесно време не се наоѓа ниту Ерик Ламела, кој се уште е далеку од камбек на терените.

Останува да се види како ќе го „скрпи“ стартниот тим Покетино и дали Тотенхем ќе стигне до планираните три бода на овој дуел.

Се вчитува...