Тотенхем даде трет гол, Рио Фердинанд збудале (ВИДЕО)

Прославениот англиски репрезентативец и поранешен фудбалер на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд, е стручен аналитичар на Лигата на шампионите на „БТ спорт“ и имаше свое шоу при победничкиот гол на Тотенхем (2-3) во Амстердам за пласман во големото финале. Тој буквално збудале во студиото по третиот гол на Лукаш Моура.

„Ако го сакате фудбалот, тогаш сигурно ќе ја разберете оваа емоција“, објасни Рио Фердинанд.

Лукаш Моура го постигна победничкиот гол за Тотенхем во петтата минута од судиското продолжение.

Се вчитува...