Тотенхем доаѓа без првиот голман на „Енфилд“

Тотенхем ќе биде дополнително ослабен за неделното дерби со Ливерпул откако Хуго Лорис не успеа да ја добие трката со времето за да може да настапи на „Енфилд“.

Французинот се повреди во катастрофалното прво полувреме против Њукасл, по што беше заменет на паузата, а на вчерашното дерби со Манчестер Јунајтед на голот се појави неговата замена Фрејзер Фостер, кој прими два гола во првото полувреме, но имаше и неколку одлични интервенции.

„Лорис нема да биде со нас в недела. Тој се уште е повреден“, изјави стратегот на Тотенхем во пресрет на новиот дерби-дуел за неговиот тим.

Покрај Лорис, повредени во таборот на Тотенхем за овој натпревар се уште и Бентанкур, Бисума, Емерсон Ројал и Сесењон.

Се вчитува...