Тотенхем ги скроти „волците“ и го прескокна Вест Хем

Тотенхем се врати во зоната за пласман во Лигата на Европа откако „спарси“ славеа на домашен терен против Вулверхемптон со 2-0. Лондонскиот клуб игра се подобро по заминувањето на Жозе Мурињо од клупата, а со денешниот триумф го прескокна Вест Хем на шестото место на табелата.

Хари Кејн го отвори резултатот пред крајот на првото полувреме, умешно матирајќи го Руи Патрисио за водство од 1-0. Тотенхем во вториот дел постигна и втор погодок преку Хојбјерг, доволно за осигурување на трите бода и трета победа во последните четири кола во Премиер-лигата.

Се вчитува...