Тотенхем го отпушти привремениот тренер по дебаклот против Њукасл

Турболентната сезона за Тотенхем продолжува понатаму. Лондонскиот тим доживеа дебакл од Њукасл во 32. коло од Премиерлигата губејќи го натпреварот со 6-1, а цехот го плати привремениот тренер Кристијан Стелеини кој повеќе нема да ја врши оваа функција.

На местото на италијанскиот стратег ќе седне Рајан Мејсон кој беше дел од тимот и како фудбалер од 2008 до 2016 година. Инфорамцијата ја потврди сопственикот на лондонскиот клуб, Даниел Леви кој му се заблагодари на Стелини за помошта во тешкиот период.

„Начинот на кој го одигравме натпреварот против Њукасл е потполно неприфатлив. Беше тешко за гледање. Можеме да бараме бројни причини за тоа што се случи, но јас, Бордот, тренерите и играчите мораме колективно да превземеме одговорност, а најголемата одговорност е моја.

Кристијан ќе ја напушти тренерската улога заедно со стручниот штаб. Тој ни помогна во тежок момент во сезоната и сакам да му се заблагодарам за тоа бидејќи одработи професионално и тој и неговите соработници дадоа се во овој период. Му посакувам се најдобро.

Рајан Мејсон ќе ја превзема улогата на главен тренер и таа одлука стапува во сила веднаш. Рајан по познава клубот и играчите“, стои во дел од соопштението на Леви.

Се вчитува...