Тотенхем не го пушта Кејн во Манчестер Јунајтед

Претседателот на Тотенхем, Даниел Леви е решен да не го продаде својот најдобар напаѓач Хари Кејн на друг клуб од Англија. По се изгледа Кејн ќе си оди од Тотенхем летоска, а за него сериозен интерес пројавува Манчестер Јунајтед, но веројатно до овој трансфер нема да дојде.

Претходно играчот беше поврзуван и со трансфер во Манчестер Сити. Иако договорот беше пред потпишување, на крајот Тотенхем се реши да го задржи.

Тоа значи дека Кејн би можел да замине само во Баерн Минхен, кој исто така го сака англискиот голгетер во своите редови. Се споменува сума од 100 милиони евра. „Баварците“ се во потрага по напаѓач по заминувањето на Роберт Левандовски во Барселона. Покрај Кејн, се споменуваат и имињата на Осимен и Влаховиќ како можни засилувања во Баерн Минхен.

Се вчитува...