Тотенхем сериозно е заинтересиран за ангажманот на холандскиот репрезентативец Коди Гакпо, а според англиските медиуми Ливерпул е подготвен да го продаде доколку добие соодветна понуда.
„Спарс“ наводно се подготвени да платат 47 милиони фунти за офанзивецот, иако засега сè уште не испратиле официјална понуда до „црвените“.
Лондонскиот клуб е меѓу најактивните на летниот трансфер пазар. Тимот веќе ги засили своите редови со Маркос Сенеси, Јан Пол ван Хеке, Енди Робертсон, Матеуш Фернандеш и Сандро Тонали, но тренерот Роберто Де Зерби сака дополнително да го засили нападот.
Покрај Гакпо, на листата на желби на Тотенхем се наоѓа и крилниот напаѓач на Манчестер Сити, Савињо.
Од друга страна, евентуалната продажба на Гакпо дополнително ги загрижува навивачите на Ливерпул. Клубот сè уште нема пронајдено соодветна замена за Мохамед Салах, а се соочува и со проблеми во одбраната по заминувањето на Ибрахима Конате и Енди Робертсон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
