Тотенхем продолжува со големите инвестиции на трансфер-пазарот и е на чекор до уште едно звучно засилување.
Лондонскиот клуб е во напредни преговори со Манчестер Сити за трансферот на бразилското крило Савињо. Доколку биде постигнат договор, Тотенхем за 22-годишниот Бразилец би можел да плати околу 65 милиони евра.
Савињо пристигна во Манчестер Сити како голем талент, а неговите настапи во англискиот фудбал го привлече вниманието на Тотенхем, кој очигледно сака дополнително да го засили нападот.
„Спарси“ веќе имаат потрошено околу 270 милиони евра во летниот преоден рок на Сандро Тонали, Матеус Фернандеш и Јан Пол ван Хеке.
Ако трансферот на Савињо биде реализиран за околу 65 милиони евра, вкупната летна потрошувачка на Тотенхем ќе надмине 330 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
