Маурицио Покетино не може да крене глава од проблеми во последните два месеци, па така стратегот на Тотенхем во пресрет на реваншот со Ајакс остана без услугите на уште еден првотимец. Станува збор за Давинсон Санчез, откако дефанзивецот се пожали на повреда и воопшто не отпатува со екипата на гостувањето во Амстердам.
Згора на тоа, шансите Фертонген да настапи се минимални по повредата што белгискиот дефанзивец ја заработи на првиот полуфинален дуел со холандскиот гигант. Ако на ова се додаде и неиграњето на капитенот Хари Кејн, јасно е дека „спарси“ ќе имаат многу мака да ја надополнат негативата од еден гол по поразот на домашен терен минатата седмица.
Добра вест за Покетино е единствено враќањето на Кореецот Сон, кој поради суспензија го пропушти претходниот меч во Лондон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА