Тотенхем повторно настрада во Њукасл

Гостувањата во Њукасл стануваат вистински кошмар за фудбалерите на Тотенхем, па откако лани беа поразени на „Сент Џејмс Парк“ со 6-1, „спарси“ денеска повторно настрадаа од истиот ривал, губејќи со убедливи 4-0. Тимот на Постекоглу воопшто на наликуваше на себе, нападот беше безопасен, а во одбраната се грешеше почетнички, а тимот на Њукасл знаеше како да го искористи тоа за да стигне до нов триумф, трет во последните четири премиерлигашки рунди.

Тотенхем беше нокаутиран во рок од нецели три минути, најпрвин Исак погодоци на асистенција на Гордон за водство од 1-0, пред самиот Гордон во 32. минута да зголеми на 2-0 по огромната грешка на Педро Поро.

Гостите беа во нокаут, надвор од ритам го почнаа и второто полувреме, а не помогнаа ниту замените откако Постекоглу го повлече од игра капитенот Сон по само 57 минути игра. Наместо камбек, можеше да се проследи продолжување на доминацијата на Њукасл, со нови два гола, првиот преку Исак кој избегна офсајд-замка на средината од теренот, истрча 40 метри и го совлада Викарио, пред Шар со гол од глава по корнер да ги постави конечните 4-0.

Се вчитува...