Тотенхем сака да го купи Марко Ројс

Англискиот премиерлигаш Тотенхем се вклучува во трката за ангажман на германскиот репрезентативец Марко Ројс. Одличниот офанзивец на Борусија Дортмунд се врати по долгата пауза и веднаш ја покажа својата класа во дресот на „милионерите“. Иако многу често се повредува, сепак, менаџерот на „спарси“, Маурицио Покетино би сакал да го доведе во Лондон.

Според извори од Островот, Тотенхем е подготвен да плати 60 милиони фунти за ангажманот на Марко Ројс. За него постои интерес и од Ливерпул, каде „командува“ неговиот поранешен тренер Јирген Клоп, со кого соработуваа во Дортмунд. Секако, и германскиот бундеслигаш најави дека нема лесно да се откаже од услугите на Марко Ројс и дека ќе започне преговори за нов договор.

Се вчитува...