Тотенхем сака да го задржи Вернер на уште една сезона

Откако мина шест месеци како позајмен во Тотенхем, Тимо Вернер може да остане во Лондон уште една година. Тотенхем изрази желба да го задржи германскиот фудбалер и следната година.

Веројатно договорот ќе биде одново на позајмица до јуни 2025 година, а потоа ќе има право на откуп за 15-16 милиони евра. И самиот фудбалер се согласил да остане дел од Тотенхем.

Тој во минатото играше за Челси, по што се врати во Лајпциг. За Тотенхем во изминатите пет месеци одигра 13 меча и постигна два гола. Тој не се најде на списокот на Јулијан Нагелсман за настап на ЕП 2024 во Германија.

Се вчитува...