Тотенхем игра сезона за заборав, а се чини дека на лондонскиот тим нема да му биде нималку лесно ниту следната. Додека останатите клубови се подготвуваат за летниот период и промените од Тотенхем одекнуваат гласови на фрустација.
Европската пролет за Спарси заврши со пораз од Динамо кој беше категоризиран како катастрофален во главниот град на Англија, нешто подоцна беше избркан и Жозе Мурињо кој дојде со цел формирање на тим за титула, а ја загуби и шансата за трофеј по празот во финалето од Лига Купот.
Клубот најверојатно ќе го напушти и Хари Кејн, убедливо најдобриот играч во последните сезони па се јавува прашањето дали Тотенхем воопшто може да го прекине слободниот пад? Вчерашниот пораз од Астон Вила дополнително го оддалечи тимот од Европа следната сезона, а тоа го изрази и незадоволството на навивачите кои на последниот домашен натпревар во сезоната беа третирани како непријатели.
Влезниците на овој меч чинеа 60 фунти, а сите 10 илјади навивачи мечот го испратија од горниот дел на трибините, со цел истите да не бидат во фокусот на камерите и да не можат да ја искажат фрустрацијата од раководството на клубот. На присутните на натпреварот им беше ветено и „почесен круг“ на фудбалерите, но добија само збогување од Кејн кој со солзи на теренот најави заминување.
The Long Goodbye from @HKane ? So sad to see pic.twitter.com/OpIDiiTLD5
— Gerry Cox (@GerryCox) May 19, 2021
Навивачите чекаа еден час на трибините за фудбалерите да го исполнат ветеното, но добија само ‘благодарам за поддршката’ од спикерот на мечот по што настана вистински хаос. Присутните се упатија кон претседателската ложа со цел да ги “одмерат силите“ со Даниел Леви, а обезбедувањето спречи голем инцидент…
Scenes turning ugly at the stadium, fans are being escorted out by stewards after walking down the stand. They were promised a lap of ‘honour’ and are now being told to go home #THFC pic.twitter.com/8gNnKrQ1IQ
— The Spurs Web ⚪️ (@thespursweb) May 19, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА