Тотенхем се вклучи во трката по Елмас

Елиф Елмас продолжува да привлекува интерес од врвни европски клубови, а англискиот премиерлигаш Тотенхем е најновиот клуб што почна разговори со Фенербахче за да го доведе македонскиот „бисер“ во своите редови.

Манчестер сити и Борусија Дортмунд досега важеа за најзагреани за услугите на Елмас, но според турските медиуми во ова друштво се приклучи и Тотенхем. Раководството на лондонскиот клуб остварило првичен контакт со Фенербахче околу евентуалниот трансфер на Елмас, прашувајќи околу можноста за негов трансфер во текот на јануарскиот преоден рок и цената што би се барала за 19-годишниот фудбалер.

Ставот на Фенер е дека Елмас не е за продажба среде сезона, но „спарси“ размислуваат дали да испратат понуда и да се обидат да го премислат турскиот гигант. Во ситуација кога Дембеле веќе најави заминување како слободен играч на крајот на сезонава, а Покетино планира да доведе млад и талентиран играч кого дополнително би го развил во периодот што следи. Елмас одлично се вклопува во овој концепт на аргентинскиот стратег, па интересно е да се види дали Тотенхем може да се договори со Фенер за да го доведе македонскиот бисер во своите редови.

Се вчитува...