Тоти: Ќе ја исечев ногата за Рома, но не сакав да молам никого за да играм

Франческо Тоти реши да ја заврши кариерата на 40-годишна возраст откако Рома не му понуди нов договор, а „Принцот на Рим“ објави и дека нема намера да се врати во било каква функција додека актуелното раководство на чело со Џејмс Палота ја води „волчицата“.

Воедно, „десетката“ на римскиот гигант проговори и за причините поради кои реши да му каже збогум на фудбалот.

„Искрено, не сакав да престанам да играм фудбал бидејќи се чувствував добро на теренот. Кога и да влезев на теренот стадионот експлодираше, мислам дека таа атмосфера беше корисна за сите. Сепак, не сакав да молам никого за да ме стави во игра, иако знаев дека можам да помогнам. Не сакав да заиграм за друг клуб и на тој начин да го расипам сето она што го градев во Рома, па затоа решив да се пензионирам. Секако дека сонувам за камбек, но додека е оваа управа, мојата нога нема да стапне во тренинг-центарот Тригорија. Син ми тренира таму, го оставам пред врата, се враќам во автомобилот и се борам да не заплачам кога ќе се сетам на 30-те години минати во овој клуб. Син ми ме прашува кога ќе дојдам да го гледам, но се уште немам сила да се појавам на трибините“, истакна Тоти.

Се вчитува...