Тоти: Мислев дека засекогаш ќе останам во Рома, повеќе сакам да се убијам отколку да го напуштам тимот од Рим

Поранешниот капитен на Рома, Франческо Тоти, како што вели, мислел дека никогаш нема да го напушти клубот. Но, мораше да замине…

Тоти ја помина целата своја кариера во Рома, од 1992 до 2017 година, одигра 786 натпревари и постигна 307 голови. Тоти, чиј прекар беше „Принцот од Рим“, ја освои титулата во Серија А, два Купа на Италија и два Суперкупа на Италија. Ја презеде функцијата директор веднаш по завршувањето на фудбалерската кариера, а поднесе оставка во јуни 2019 година поради несогласувања со управата на клубот.

„Мислев дека ќе останам засекогаш во Рома. Но, тие ме ставија покрај ѕид, ме натераа да донесам одлука што никогаш не би ја донел. Направив избор…”, изјави Тоти.

На прашањето што би направил доколку новите сопственици на клубот го контактираат, Тоти рече дека дефинитивно ќе разговара со нив за евентуална соработка.

„Сакам да го продолжам патувањето, не би се смирил додека не ја завршам работата. Би се чувствувал лошо да ги напуштам соработниците и ако се уморам од сè, ќе видам што ќе се случи понатаму. Повеќе сакам да се убијам отколку да ја напуштам Рома. Можев да донесам многу добри работи за клубот“, рече тој.

Тоти дополнува дека страда затоа што бил изоставен од проектот, но дека постојано навива за најдобри резултати на тимот.

„Ја следам Рома од гледна точка на навивачите, понекогаш се лутам затоа што посакувам најдобри резултати. Се надевам дека ќе и помогнам на Рома со мојата работа, барем од страна. Но, страдам. Можев да направам повеќе од другите директори… Клубот е сè уште со странци, тренерот и спортскиот директор се странци. Некој што знае сè за Рома може да биде корисен, а тоа е она што недостасува во моментот“, вели 44-годишниот Тоти.

Се вчитува...