Тоти: Па не сум идиот, син ми да игра за Лацио

Франческо Тоти е во војна со актуелната управа на Рома, но неговиот син Кристијан се уште е дел од „римската волчица“ и важи за еден од најголемите таленти на овој клуб. За услугите на Кристијан Тоти се интересираат и Милан, Лацио и Јувентус, но за „Тоти Сениор“ нема дилема – неговиот син никогаш нема да го облече дресот на лутиот градски ривал од Рим.

„Секако дека би кренал слушалка, би разговарал ако го повикаат од Милан, Лацио или Јуве, но тоа не знач дека би прифатил. Знам што ќе се случи, Кристијан е како мене, тој самиот би ги одбил. Па луѓе, јас не сум идиот да го одведам син ми да игра за Лацио. Без оглед на моментните односи со Рома, зарем мислите дека јас некогаш би направил такво нешто“, истакна Франческо Тоти.

Екс-капитенот на Рома почнува кариера како фудбалски агент, не ја отфрла можноста еден ден да се врати назад на „Олимпико“, но веќе во неколку наврати стави до знаење дека нема шанси за такво нешто додека моментните американски газди раководат со клубот.

Се вчитува...