Тото: Почит за Металург, за борбата на терен

Металург претрпе убедлив пораз на гостувањето против Висла Плоцк, но членовите на полскиот вицепрвак на прес-конференцијата по мечот имаа пофални зборови за македонскиот претставник, кој со значително подмладен состав отпатува во Полска за овој двомеч.

„Сакам да искажам почит. Покрај се, дојдовте со млад тим овде, се боревте до крај. Тоа е најважно, ви честитам“, изјави францускиот пивот Жереми Тото.

Стратегот на Металург, Оливер Димитриоски и пред мечот изјави дека најважно за Металург во овој двомеч ќе биде искуството за младите играчи, но тренерот на македонскиот тим остана разочаран по новиот проблем со повреда, откако вечерашниот меч предвреме го заврши најискусниот Велко Маркоски.

„Имав на располагање само 11 ракометари, уште еден се повреди на мечот. Имавме млади и многу млади играчи. Се боревме, ама е тешко да се игра така во овие услови“, истакна Оливер Димитриоски на прес-конференцијата по мечот.

Се вчитува...