Трабзон не е Сити – Одбиена жалбата, нема место во ЛШ за турскиот клуб

Турскиот фудбалски клуб Трабзонспор нема да игра во квалификациите од Лигата на шампионите, откако судот за спортска арбитража во Лозана ја одби жалбата за суспензија која ја изрече УЕФА. Трабзон на почетокот на јуни беше суспендиран на една година од европските натпреварувања поради кршење на финансискиот фер-плеј.

Од УЕФА тогаш наведоа дека турскиот клуб не ги исполнил условите кои се барале, а жалбата беше одбиена и од ЦАС. Интересно е сето ова бидејќи за сличен случај, англискиот Манчестер Сити успеа да ја добие жалбата во Лозана и да поништи одлуката на УЕФА за суспензија од две години.

Со оваа одлука значи дека местото на Трабзонспор во Лигата на шампиони ќе го добие Бешикташ.

Се вчитува...