Традицијата на Интер продолжува: Во секое финале на СП има „нероаѕуро“

Хрватска и Франција ќе се сретнат в недела на стадионот „Лужњики“ во Москва во големото финале на Светското првенство во Русија. Французите беа подобри од Белгија и славеа со 1-0, додека синоќа Хрватите по продолженија ја совладаа Англија со 2-1. Токму хрватските репрезентативци, Иван Перишиќ и Марсело Брозовиќ, продолжија една прекрасна традиција на италијанскиот калчолигаш Интер. Имено, од СП 1982, па вклучувајќи го и овој Мундијал, во финалето учествувал барем еден фудбалер на Интер.

Во 1982 година, во финалето играа Италија и Германија, а „нероаѕури“ беа Алобели, Бергоми, Оријали, Коловати, Бордон, Марини и Милер.

Четири години подоцна, во финалето меѓу Германија и Аргентина, тимот на Интер беше претставен од Карл Хајнц Румениге.

Во 1990 година, Матеус, Бреме и Клинсман беа дел од селекцијата на Германија, која во финалето играше против Аргентина.

Во 1994 година финалисти беа Бразил и Италија, а во селекцијата на Италијанците беа вклучени и Берти и Паљука.

Џоркаеф како репрезентативец на Франција и Роналдо како дел од Бразил, го претставуваа Интер на финалето на Мундијалот во 1998 година.

Четири години подоцна, Бразилецот Роналдо го играше финалето против Германија, а во 2006 година, Матераци со Италија ги одмери силите против Франција.

Во 2010 година, Снајдер беше членот на Интер кој играше во финалето во кое се сретнаа Холандија и Шпанија.

Прд четири години, финалисти беа Германија и Аргентина, а учесници беа и Паласио, Алварез и Кампањаро.

Се вчитува...