Тринаесетгодишниот Аган Асани, млад фудбалер во помладите категории на ФК Куманово, го загуби животот во тешка сообраќајна несреќаа што се случи синоќа на регионалниот пат Куманово – Скопје.
Според официјалните информации од СВР Куманово, несреќата била пријавена околу 21.10 часот, на влезот во селото Черкези. До трагедијата дошло при директен судир помеѓу патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 24-годишниот Ф.С. од Куманово, и електричниот тротинет кој го управувал младиот Асани.
„Со длабока тага ја примивме веста за смртта на нашиот 13-годишен играч, Аган Асани.Неговата загуба длабоко нè погоди како клуб, оставајќи голема болка кај неговите соиграчи, тренери и целото семејство ФК Куманово. Во ова тешко време, им изразуваме најдлабоко сочувство на семејството Асани, роднините и пријателите. Споменот на Аган секогаш ќе остане во нашите срца. Нека почива во мир“, напиша неговиот тренер Исмет Зеќири.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
