ТРАГЕДИЈА: На 33 години почина хрватска атлетичарка која пред само две недели победи на полумаратон

Во Загреб, на 33 години, по кратка и тешка болест почина хрватската атлетичарка Валентина Валјак.

Една од најдобрите хрватски атлетичарки на долги патеки пред само две недели триумфираше во женска конкуренција на Плитвичкиот полумаратон. Но, не успеа да ја издржи борбата со подмолна болест која ја собори за само неколку денови.

„Подмолната болест не и даде никакви шанси дури и да се бори за својот живот. Валентина секогаш беше вистински борец, но за жал оваа трка не можеше да ја издржи. Секогаш ќе ги паметиме сите наши спортски моменти, твојот благ поглед и искрената насмевка“ – се вели во пораката од нејзиниот поранешен клуб АК Загреб кој преку социјалните медиуми се збогуваше од својата атлетичарка.

Се вчитува...