Норвешкиот веслач Олаф Туфте, двократен олимписки шампион и еден од најголемите спортисти во историјата на земјата, почина на 50-годишна возраст.
Норвешките медиуми објавија дека семејството објавило дека Туфте бил пронајден во несвест на семејната фарма, по што бил итно префрлен во болница во Осло, каде што починал.
Веста за неговата смрт ја потресе спортската јавност, а премиерот на Норвешка, Јонас Гар Сторе, исто така се збогува со познатиот веслач.
„Туфте донесе огромна радост во нашата нација преку спортот. Тој беше еден од најголемите спортски херои на Норвешка, трофеен олимпиец, еден од најдобрите веслачи што некогаш сме ги имале и пример за многу генерации“, рече норвешкиот премиер.
Туфте имаше импресивна атлетска кариера што траеше повеќе од две децении. Се натпреваруваше на дури седум едноподруго Олимписки игри – од Атланта во 1996 година до Токио во 2021 година, што го рангира меѓу олимпијците со најдолг стаж во историјата на веслањето.
RIP Olaf Tufte, Norwegian Rower
7x Olympian
Gold in 2004/2008 (Single Sculls) Silver in 2000/2016 (Double Sculls) Summer Olympics
2x Gold, 1x Silver, 3x Bronze at World Rowing Championships
Bronze at European Rowing Championships
#1 Male Rower of 2009#InMemoriam #RIP pic.twitter.com/yn3873ZsMr— LegacyTributes (@InMemoriamX) July 21, 2026
Својот најголем успех го постигна во дисциплината скиф, освојувајќи златни медали на Олимписките игри во Атина во 2004 година и во Пекинг во 2008 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
