Трагедија: Почина светската шампионка на 100 метри од 2017 година

Нова трагична вест го зави во црно светскиот спорт, откако денеска животот го загуби светски познатата атлетичарка, Тори Боуви. Американската атлетичарка почина на 32-годишна возраст, деталите не беа обелоденети во јавноста, но тажната вест ја потврди менаџерската агенција на Боуви.

„Скршени сме од така што мораме да ја споделиме многу тажна вест – дека Тори Боуви почина. Загубивме клиентка, драга пријателка, ќерка и сестра. Тори беше шампионска, ѕвезда што толку силно сјаеше“, објави „Icon Management”.

Боуви беше светска шампионска на трката на 100 метри на СП што се одржа во 2017 година во Лондон, каде триумфираше и на штафетата 4х100 метри. Таа освои и три медали на ОИ во Рио во 2016 година, злато во штафетата 4х100 метри, сребро на 100 метри и бронза на трката на 200 метри.

Се вчитува...