Трагичар на денот: Смолов остана сам да плаче на теренот (ФОТО)

Федор Смолов влезе во игра во второто полувреме и требаше да внесе свежина во играта на Русија. Не само што не го стори тоа, туку Смолов се претвори во трагичар на „зборнаја“ откако го промаши својот пенал.

Иако против себе имаше врвен голман како Субашиќ, Смолов се обиде со „паненка“ да го отвори пенал-рулетот, не успеа во својата намера, па јасно е зошто емоциите го совладаа по крајот на мечот и поразот на неговата селекција.

Тој последен остана на теренот откако неговите соиграчи се упатија кон соблекувалните, со солзи во очите отпоздравувајќи ги фановите, свесен за пропуштената шанса да се испише историја.

Се вчитува...