Трагичарот на Ливерпул со „спартанска“ поддршка за поранешните соиграчи – „Ова е Енфилд“

Трагичарот на Ливерпул од минатогодишното финале во Лигата на шампионите против Реал Мадрид, Лорис Кариус кој моментално ги брани боите на турски Бешикташ, не остана имун на победата на неговиот поранешен тим од 4-0 против Барселона и пласманот во големото финале. Тој на својот твитер профил напиша „Ова е Енфилд“ искористувајќи ја репликата од филмот „300“,  пренаменувајќи ја за потребите на еден од стадионите со најдобра публика во светот „Енфилд роуд“.

Се вчитува...