Трагична вест од Шпанија: Хозе Антонио Рејес загина во сообраќајна несреќа

Поранешниот шпански репрезентативец Хозе Антонио Рејес трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа во Утрера, во близина на Севилја.

“Не можевме да објавиме полоша вест, нашиот сакан Хозе Антонио Рејес почина во сообраќајна несреќа. Нека почива во мир”, објави Севилја на официјалниот Твитер.

Рејес најголем дел од кариерата ја мина во Севилја, беше дел од Арсенал и од Атлетико Мадрид, имаше и куса авантура во Кина.

Се вчитува...