Трагикомични услови во Виена: Металург ќе игра во подрум од станбена зграда (ВИДЕО + ФОТО)

ЕКИПА во Виена,

Стеван Цаневски

Металург вечерва му гостува на Фајверс во рамките од Лигата на Европа, но условите во салата во Виена се најблаго речено трагикомични. Прва опција на Фајверс за одигрување на домашните натпревари е „Штад Хале“, големата арена каде се играше последното Европско првенство минатиот јануари, но домаќините неочекувано ја промениле локацијата и го преселија мечот во далеку помала арена.

Не е проблем капацитетот, бидејќи и онака трибините се празни, туку се останато, почнувајќи од фактот дека станува збор за ракометен терен кој се наоѓа во подрум од станбена зграда во Виена. Во околината има бројни станбени згради, таков е и овој објект, со таа разлика што кога ќе влезете на приземјето од станбениот објект пред себе на спратот под вас гледате ракометен терен.

Да стануваше збор за меч од домашно првенство можеби и ќе беше разбирливо, но неверојатно е како ЕХФ дозволува еден меч од второто по ранг европско натпреварување да се игра во вакви минималистички услови. Секогаш останува прашањето дали истото би било дозволено и во Македонија!? На пример…


Натпреварот меѓу Фајверс и Металург во Лигата на Европа во Виена стартува од 20:45 часот.

Се вчитува...