Трајче Сенев е нов шеф на стручниот штаб на Осогово

Искусниот македонски стратег Трајче Сенев е нов шеф на стручниот штаб на Осогово.

По оставката на Кирчо Ѓоргиев, раководството на Осогово се одлучи на клупата да го донесе 56-годишен стратег за нов предводник на „жолто -сините“.

Во својата досегашна тренерска кариера Сенев беше предводник на Брегалница Штип и Силекс во Првата македонска фудбалска лига, како и на екипите на Баби и Кит-Го во Втората лига.

Своето официјално деби Сенев ќе го има на мечот од 15. коло против Победа кој се игра во сабота, 5. декември.

Се вчитува...