Фудбалерите на Хајдук славеа со 2-1 на домашен терен против Риека во дербито на претпоследното коло во хрватскиот шампионат и со тоа ја закомпликуваа борбата за трофејот.
Домаќините поведоа со 1-0 со голот на Марко Ливаја во 12. минута од пенал. Гостите на 1-1 израмнија преку Чоп во 73. минута.
Херој за домашниот тим по којзнае кој пат сезонава беше македонскиот репрезентативец Александар Трајковски кој го постигна погодокот за 2-1 во 78. минута.
ALEKSANDAR TRAJKOVSKI!!!!
HAJDUK TAKE THE LEAD ONCE AGAIN, 2-1!pic.twitter.com/MwgVEnvZft
— TheCroatianLad (@TheCroatianLad) May 18, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА