Трајковски има врвни квалитети, но мора да разбере една работа…

Александар Трајковски ги мина претходните две сезони во Палермо во сенка на Илија Несторовски, но крилниот офанзивец блеска во првите натпревари од „Серија Б“, наметнувајќи се како нов лидер на сицилијанскиот клуб. Екс-тренерот на Палермо, Еугенио Корини, кој му беше тренер на Трајковски во сезоната 2016/17, не е изненаден од добрите игри на Македонецот, но има и јасна порака до него за уште повеќе да напредува во кариерата.

„За жал, кога јас стигнав за тренер тој се рехабилитираше од незгодна повреда и не беше во посакуваниот ритам. Сепак, уште тогаш беше очигледно дека станува збор за квалитетен играч, со добар посед на топка, ја победивме и Џенова благодарение на негов погодок. Квалитетите на Трајковски никогаш не биле во прашање, но тој мора да разбере една работа – многу е важно да се има континуитет. Не може да одиграш два-три добри меча и потоа да те снема, Алекс отсекогаш бил доволно добар за да одигра одлична сезона, верувам дека сега е и доволно зрел за да го докаже тоа. Ваквиот старт само ќе му ја зголеми самодовербата, што е одлично и за Трајковски и за Палермо“ – истакна Корини.

 

Се вчитува...