Трајковски: Мило ми е што го постигнав победничкиот гол, ја остваривме целта!

Херојот во македонската победа од 0-1 на гостувањето против Казахстана во квалификациите за СП 2026, Александар Трајковски, веднаш по мечот ја потенцираше важноста од трите бода на овој дуел.

„Секако дека ми е мило што успеав да постигнам гол и да му помогнам на тимот да победи на овој натпревар.  Но, најважно е што и тоа како уште пред мечот бевме свесни дека нè чека многу тежок натпревар и се подготвивме максимално за такво нешто. И сами видовте, дека вештачкиот терен носи сосема поразлична игра…. Но, бевме подготвени за тоа и работевме напорно сите 90 минути — дури и 99 минути. На крајот, освоивме три важни бода“ – рече Трајковски по дуелот и дополни:

„Селекторот иако не беше со нас покрај терен, не подготви многу добро за овој натпревар. Знаевме дека натпреварот ќе биде навистина тежок. На крајот, успеавме да постигнеме еден гол. На крајот, најважно е што освоивме три бода и ја остваривме победата. Продолжуваме низ овие квалификации од натпревар на натпревар“.

Се вчитува...