Трајковски: Одиме на победа на секој натпревар со цел да ја вратиме кошарката онаму каде што припаѓа

Македонската кошаркарска репрезнетација денеска го започнува походот кон излез од претквалификациите за Светското првенство 2023 година. Првиот противник на „црвено-жолтите“ на „балонот“ во Скопје ќе биде Швајцарија, два дена подоцна ќе се сретнеме и со Словачка, а потоа во понеделник и среда следуваат два нови дуела против овие противници.

Пред почетокот на дуелите во нашиот табор владее оптимизам за конечниот исход од претквалификациите и покрај подмладувањето на составот.

„Нема оправдување со тоа што имаме скратен состав и дека има подмладување на репрезентацијата. Нормално дека имавме краток период на подготовки. Ни фалеа повеќе пријателски натпревари, имавме само две со Црна Гора, меѓу нас одигравме направивме една, два па во тој поглед сме кратки, но повторно ќе кажам дека нема оправдување и одиме на победа во секој натпревар почнувајќи со Швајцарија па и во следните седум, осум дена. Да го иструкаме овој претквалификациски цикус и да ја вратиме репрезентацијата онаму каде што припаѓа“, изјави новиот капитен на Македонија, Бојан Трајковски.

Швајцарија е добро познат противник на Македонија од претквалификациите во 2017 година кога забележавме половичен учинок. Победа во Скопје и пораз во Швајцарија.

„Нема повеќе погоден противник. Видовме и во минатото во квалификациите и претквалификациите дека секој секого може да победи. Доколку нашиот пристап не е тој кој ќе се договориме од самиот почеток ќе дојдеме до некој разочарувачки резултат. Tака да добро се подготвуваме во овие два дена и ќе искочиме на натпреварот максимално подготвени и се надевам на позитивен резултат“

Според Трајковски подмладувањето на тимот ќе даде и дополнитена енергија, а резултатот од овие натпревари ќе биде и корисен за следните предводници на Македонија.

„Нема нервоза бидејќи како што кажав во една прилика, тие млади играчи се ветер на нас постарите, не носат на тренинзите со нивната енергија и се надевам дека и на овие натпревари ќе бидат мотивација заедно да го постигнеме резултатот кој што за нив ќе биде покорисен во иднина“, завршува Трајковски.

Натпреварот против Швајцарија е со почеток од 19 часот и истиот ќе биде одигран во СЦ „Јане Сандански“.

Се вчитува...