Трајковски по извонредниот погодок од 25 метри: Само сакам да возвратам за довербата од тренерот!

Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски е најзаслужниот за победата на Палермо на гостувањето против Фоџа од 1-2 во 3. коло од Серија Б.

Со асистенција и погодок учествуваше Трајковски во триумфот на својот тим, притоа со хируршки прецизен гол за триумф со извонреден шут од 25. метри…

„Дојдовме до важна победа за сите нас. Јас само сакав да возвратам на довербата која ја имам кај тренерот Бруно Тедино. Навистина му влева огромна самодоверба, ми дава вистинска слобода во играта и се чувствувам навистина максимално подготвен за квалитетни изданија. Дојдовме до важни три бода кои ќе ни дадат дополнителен мотив за продолжението од првенството“ – вели Трајковски по синоќешната победа.

 

Се вчитува...