Трајковски повторно го урна рекордот на Македонија во скок во далечина

Најдобриот македонски атлетичар во скок во далечина Андреас Трајковски го урна рекордот на Македонија во оваа дисциплина.

На атлетскиот митинг во Калитеа (Грција) Андреас Трајковски во третата серија прескокна 7.79 метри (+0.9 м/с) со што го собори Македонскиот рекорд во скок во далечина кој беше исто така во негова сопственост (7.60 м) поставен минатата година.

Андреас го освои 4-то место на митингот. Прв беше Муарил Сришинкар од Индија со скок од 8.18 метри, втор неговиот сонародник Џејсин Андрин Џонсон со скок од 7.87, додека третото место го освои Џален Рукер од Австралија со скок од 7.80 метри.

Се вчитува...