Трајковски: „Среќен сум за Гатузо, тој е одлично решение за италијанската репрезентација“

Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски, во разговор за „Спорт Италија“ вели дека поранешниот негов тренер со кого соработуваа изминатава сезона во сплитски Хајдук, Џенаро Гатузо е одлично решение за селекторската функција на Италија.

Гатузо се договори да ја презема репрезентацијата на Италија… Трајковски, се осврна и на поранешните играчи на Динамо, Петр Сучиќ и Мартин Батурина, кои се преселија во Интер и Комо.

„Среќен сум за Гатузо, тој е навистина добар избор за италијанската репрезентација“ – рече Трајковски, притоа осврнувајќи се и на двајцата фудбалери.

„Сучиќ и Батурина се моќни играчи. Сигурен сум дека одлична ќе се снајдат во италијанското првенство“.

Трајковски, по две сезони, ова лето го напушти Хајдук. За хрватскиот прволигаш имаше вкупно 38 официјални настапи, со 10 постигнати гола и три асистенции.

Се вчитува...