Трансфер-бомба во најава: Ајакс со понуда за Елиф Елмас!

Елиф Елмас утре ќе го предводи Торино против шампионот Интер, но неизвесно е дали македонскиот „дијамант“ ќе остане во овој клуб и по завршувањето на сезонава. „Торинезите“ не кријат дека ќе се обидат да ја намалат сумата од 18 милиони евра што ја бара Лајпциг за трансфер на Елмас, но ситуацијата им се компликува откако во трката по нашиот репрезентативец се вклучил и Ајакс.

Холандскиот гигант по една катастрофална сезонава годинава игра на највисоко ниво и ќе се закити со титулата во Холандија, со што ќе добие и виза за учество во ЛШ за наредната сезона. Раководството на Ајакс веќе го планира тимот со кој би настапувал во елитното европско натпреварување, а токму Елмас е високо на листата со желби на овој европски великан.

Весникот „Билд“ повикувајќи се на извори од Лајпциг тврди дека преговорите меѓу клубовите се веќе стартувани, но и дека е испратена и првата конкретна понуда.

Не се наведува дали станува збор за сума за перманентен трансфер или пак за едногодишна позајмица, но во секој случај – годи интересот на најголемиот холандски фудбалски колектив за македонскиот „дијамант“.

Се вчитува...