Трансфер најава од Англија: Биелса го сака Пандев во Лидс!?

Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев е трансферна цел на англискиот чемпионшиплигаш Лидс во чии редовите настапува Езгијан Алиоски.

Пандев најави крај на играчката кариера за јуни 2019 година, но според пишувањата на англиските медиуми менаџерот на Лидс, Марсело Биелса е решен да го убеди да ја продолжи кариерата која би ја завршил на Островот. Желбата на Биелса е да го доведе Пандев во редовите на Лидс во јануарскиот преоден рок и да го убеди да игра уште една година.

Интересно, како што пренесуваат Англичаните, Биелса го посакувал Пандев во свој тим уште во 2014 година кога беше тренер на Марсеј. Сега верува дека желбата ќе му се оствари и покрај тоа што македонскиот офанзивец има 35 години и најави крај на кариерата.

„Искуството и квалитетот на Пандев треба да донесат дополнителна свежина во редовите на Лидс кој сака промоција во Премиер лигата. Биелса верува дека следната сезона Лидс ќе игра во Премиер лигата а Пандев многу ќе помогне околу тоа“ -пишуваат Англичаните.

Се вчитува...