Трансфер од сенка: Швеѓанец е нова мета на европските гиганти

Во сенка на Ерлинг Халанд и спектакуларниот трансфер кој го подготвува норвешкото „чудо од дете“ се наоѓа Александер Исак. Швеѓанецот со 22 години е еден од најдобрите играчи на својата позиција, а интересот за негов ангажман од ден во ден се повеќе се зголемува.

Голгетерот е трансфер приоритет на Арсенал кој оваа зима не успеа да го доведе Душан Влаховиќ во своите редови, но „топџиите“ како конкуренти ќе ги имаат и Барселона и Манчестер Јунајтед. Исак е дел од плановите на Чави за конкурентен тим во иднина, исто како и во оние на Манчестер Јунајтед кои сакаат Швеѓанецот да го наследи Кристијано Роналдо.

Според „Трансфермаркт“ фудбалерот на Реал Сосиедад вреди 40 милиони евра, но со оглед на тоа што неговиот договор со шпанскиот тим е до 2026 година, очекувањата се трансферот да биде најмалку 80 милиони евра.

Се вчитува...