Трансферот на Бруно Фернандеш пред истрага од ФИФА

Бруно Фернандеш беше ѕвезда на зимскиот трансфер прозорец со преминот од Спортинг во Манчестер Јунајтед. Одичниот играч за врска одлично се снајде во новата средина, но сега се најде во проблем кој стигна дури до ФИФА.

Манчестер Јунајтед не е инволвиран во случајот. Проблемот е меѓу Сампдорија и Спортинг. Италијанскиот клуб во 2017 година го продаде Фернадеш на Спортинг кој зимава заработи од него продавајќи го во премиерлигашкиот гигант. Сампдорија сега тврди дека има право на 10 проценти од следниот трансфер на играчот и вели дека и се должат четири милиони фунти. Случајот е пријавен во ФИФА.

Спортинг е во тешка финансиска ситуација поради коронавирусот, но независно од кризата, португалскиот клуб нема намера да ги плаќа парите кои ги бара Сампдорија поради тоа што смета дека нема никаков долг.

Се вчитува...