Трапановски стрелец во поразот на Данди од Хиберниан

Македонскиот фудбалски интернационалец Кристијан Трапаноски продолжува со одличните партии во шкотскиот шампионат.

Иако не беше во игра од стартот на мечот, Трапаноски беше еден од најдобрите удбалери на неговиот тим во поразот од Хиберниан од 3-1.

Домаќините имаа водство од 2-0 се до влегувањето на Трапаноски во игра. Нашиот фудбалер во игра влезе во 46. минута, а само три минути подоцна се запиша во листата на стрелци.

Сепак, и неговата одлична игра не беше доволна за поволен резултат на неговиот тим кој на крајот загуби со 3-1.

Се вчитува...