Тренчовски: Качевски судеше калкулантски, пеналот е сомнителен

Академија Пандев го доживеа првиот пораз во шампионатот, откако загуби со 1-0 на гостувањето кај лидерот Вардар. Тренерот Југослав Тренчовски смета дека сепак судијата Јован Качевски имал „удел“ во поразот на неговиот тим, иако им ја честита победата на вардарци.

„Честитки за победата на Вардар. Ние не успеавме да постигнеме гол, а Вардар погоди од пенал. Според мене, сомнителен. Првпат коментирам судење, но мислам дека овојпат Јован Качевски судеше калкулантски. Мислам дека токму пеналот и беше клучен фактор на дербито“, изјави Југослав Тренчовски.

По овој пораз, Академија Пандев останува на втората позиција на табелата со 15 бода, четири помалку од лидерот Вардар.

Се вчитува...