Тренчовски: Не се снајдовме на условите за игра во Велес

Академија Пандев потклекна во Велес, загуби од Борец со 1-0 и заостана во трката со Вардар за врвот на табелата. Да биде уште полошо, се повредија и двајцата најдобри фудбалери Љупчо Дориев и Ѓорѓи Стоилов.

Тренерот Југослав Тренчовски вели дека неговиот тим не се снашол најдобро на условите за игра во Велес. Тоа е единствениот стадион во прволигашка конкуренција чиј терен е со вештачка трева.

„Не се снајдовме најдобро на условите за игра, ги загубивме и двајцата најдобри фудбалери, а на крајот противникот постигна и одличен погодок. Не возвративме и останавме без бодови. Мислам дека и вештачката трева го стори своето, а и не бевме доволно заштитени од судиите. Но, го оставаме овој пораз зад нас и се фокусираме на следните предизвици, со надеж дека Дориев и Стоилов брзо ќе се вратат во составот“, изјави Југослав Тренчовски.

Академија Пандев в среда ќе го игра реванш мечот од осминафиналето на Купот на Македонија против Осогово, а потоа ќе го пречека Работнички во следниот првенствен предизвик.

Се вчитува...