Тренерот на Лестер доби отказ поради секс-скандал со фудбалерка

Тренерот на Лестер, Вили Кирк доби отказ поради секс-скандал со фудбалерка која ја тренирал.

Сексуалната афера која го потресе Островот, го принуди клубот да му врачи отказ на Кларк.

„По детална внатрешна дисциплинска постапка и почитување на приватноста на поединецот, заклучено е дека Кларк го прекрши кодексот на однесување на тимот поради што мора да биде разрешен од функцијата“ – се вели во соопштението од Лестер.

45-годишниот Кларк најпрво извесен период беше под суспензија поради истрагата за сомнеж за неговата врска со фудбалерка. Но, откако во јавноста излегоа и детали за секс-скандалот доби отказ по две години работа во клубот.

Се вчитува...