Тренерот на Наполи: Ким заминува, Осимен сака да остане

Наполи го загуби стоперот Ким Мин-Јае кој најверојатно ќе се пресели во Баерн Минхен, а Виктор Осимен ќе остане. Ова го потврди новиот тренер на Наполи, Руди Гарсија кој призна дека Кореецот е веќе на излезна врата, а гарантира дека голгетерот и натаму ќе дел од италијанскиот првак.

Гарсија зборуваше за составот на тимот за следната сезона.

„Знам дека Ким си заминува, тажни сме, но се надевам дека ќе ги задржиме останатите играчи. Можам да гарантирам дека Осимен сака да остане во Наполи. Тој е среќен тука и сака да продолжи со добрите игри“, рече Гарсија.

Се вчитува...