Тренерот се скара со Гасол и веднаш доби отказ

Неполни 24 часа откако беше гласно критикуван од страна на Марк Гасол, тренерот на Мемфис, Дејвид Физдејл, доби отказ од оваа функција.

„Гризлите“ се наоѓаат во криза и ги загубија последните осум натпревари, а Физдејл го навлече бесот на главната „ѕвезда“ откако го остави Гасол на клупата во последната четвртина од дуелот против Бруклин. Шпанецот по мечот отворено ги критикуваше тренерските одлуки, за експресно да следи и одлуката на раководството за тренерска смена.

За привремен тренер е именува Џеј-Би Бикерстаф, кој ќе има тешка задача да се обиде да ја прекине „црната серија“ на „гризлите“.

Се вчитува...