Тренерска смена во Партизан, се враќа миленикот на навивачите

Се е подготвено за тренерска смена во Партизан откако Саво Милошевиќ најави дека ќе си поднесе оставка по разочарувачкиот пораз од Војводина изминатиот викенд. Управата по поразот во второто коло успеа да го убеди Милошевиќ да остане на чело на „црно-белите“, но овојпат ставот на поранешниот голгетер е конечен и тој дефинитивно го напушта кормилото на Партизан.

Веќе е познато и името на неговиот наследник, поранешниот тренер на Партизан, Александар Станојевиќ, ги договорил сите детали од соработката и најдоцна до утре и официјално ќе потпише договор со српскиот вицепрвак.

Станојевиќ токму како тренер на Партизан ја лансираше тренерската акариера, откако по освојувањето на титулата успеа да обезбеди и влез во групната фаза од Лигата на Шампионите. Тој подоцна беше сменет поради конфликт со управата, а останува запаметен како единствен тренер во историјата на Партизан поради чие заминување навивачите одржувале простести пред стадионот.

По заминувањето од белградскиот клуб тој работеше во Кина, имаше ангажман и во Макаби Хаифа, ПАОК и во Ал Кадсија.

Се вчитува...