Тренинг во Виена – „металурзите“ подготвени за битка со Фајверс (фото)

ЕКИПА во Виена,

Стеван Цаневски

Ракометарите на Металург утрово го одработеа единствениот тренинг во Виена, во пресрет на вечерашниот натпревар против Фајверс (20.45 часот).

Поранешниот македонски првак повторно не е комплетен, ќе недостигаат Маркоски, Хорват и Лазаревки, но и со ослабен состав „металурзите“ се надеваат на триумф во Виена. Впрочем, станува збор за ривал со кого Металург одигра егал меч во Скопје и ремизираше 33-33, но избраниците на Димитриоски се надеваат на цел плен на вечерашниот дуел и прва овосезонска европска радост.

„Фајверс е добра екипа, многу трчаат, но мислам дека имаме шанса со нив да се избориме за добар резултат. Дома со нив одигравме нерешено, а сега по се што се случи ни се вратија неколку играчи, имаме и подобра ротација. Ќе биде тежок натпревар, тоа е сигурно, но имаме шанса да дојдеме до позитивен резултат. Од друга страна пак, се уште не сме комплетни. Отсуството на секој играч ни се одразува на играта. Ни недостасува Златко Хорват, Милан Лазаревски, но ние и без нив ќе дадеме се од себе за да стигнеме до победа“, истакнува Момир Рниќ, српскиот интернационалец во редовите на Металург.

Се вчитува...