Трет обид на МЗТ да ја освои Словенија

Со успех на денешното гостување кај Хелиос, македонскиот кошаркарски вицеправк, МЗТ Скопје Аеродром ќе  врзе добра резултатска серија во АБА 2 лигата и ќе се стабилизира на втортата позиција во пресрет на последното коло од овој дел од сезоната и на празничната пауза. Она што можеби малку ги компликува плaновите се неколкуте повреди во тимот. Последен на списокот отсутни се приклучи младиот репрезентативец, Андреј Маслинко.

„Пред нас е тешко гостување против квалитетен тим чија форма е во нагорна линија. Имаме проблеми со ростерот, но тоа е нешто што самите мораме да го решиме. Ќе пробаме да одиграме како против Спарс пред една седмица и ако успееме во тоа тогаш ќе имаме сериозни шанси да додјеме до уште еден гостински триумф“ – вели во пресрет на дуелот капитенот на МЗТ, Дамјан Стојановски.

Мзт е многу поуспешен од Хелиос во досегашниот дел од сезоната. Макеоднскиот состав има биланс 8-3, додела словенечкиот состав има ефект од 4-7 што е доволно само за претпоследното место на табелата.

„Нѐ очекува незгоден дуел против екипа која игра одлично во последно време, за што е доказ и нивната неодамнешна победа во пресметката со АБА-лигашот Унион Олимпија во словенечкото првенство. Тоа се должи пред сѐ на нивното последно засилување, Блаж Махковиќ, што им дава многу повеќе опции како во нападот така и во одбраната. Ние, пак, во натпреварот влегуваме значително ослабени и со скусена ротација. Но, повторно верувам дека останатите кошаркари во тимот ќе дадат дури и повеќе од својот максимум и дека ќе успееме да славиме во Домжале“ – смета предводникот на МЗТ, Ѓорѓи Кочов. 

МЗТ сезонава нема многу успех кај словенечките екипи. На двете досегашни гостувања претрпе порази. На првата пресметка сезонава против Хелиос, одиграна во Скопје, МЗТ заблежа убедлив триумф од 92-79.

 

Се вчитува...