Трет пораз на македонските одбојкарки: Естонија без загубен сет до победа (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонската одбојкарска женска репрезентација го претрпе и третиот пораз во женската сребрена лига, со што се најде на последното место на табелата без ниту еден освоен бод ниту сет.

Естонија попладнево во салата „Борис Трајковски“  ја потврди својата класа и дојде до третата победа во групата А, победувајќи со 3:0 во сетови 10-25, 14-25 и 20-25.

Македонија одигра добро само во третиот сет, кога веќе голем дел од работата беше решено. Меѓутоа стигнаа само до 20 поени, и достојно се носеа во тој период против големиот фаворит.

Естонија е следниот протвник за Македонија на 10. јуни на гостински терен.

Се вчитува...